Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) ќе му биде консултант на Министерството за транспорт и врски за изнаоѓање модел за реализацијата на проектот за изградба, одржување и наплата на патарини на патниот правец Скопје – Гостивар - Кичево, кој е дел од патниот Коридор 8 во Македонија. ИФЦ ќе биде задолжена да и' асистира на Владата и во подготвување транспарентен, фер и компетитивен процес за привлекување приватен партнер за изведување на проектот по модел на јавно-приватно партнерство. За таа цел е потпишан договор што предвидува консултантски услуги и изработка на студии и анализи. Со договорот, како што се наведува во соопштението, се предвидуваат за 14 месеци до две години да заврши проектот што треба да заврши со избор на најповолен понудувач. ИФЦ како член на Светска банка е најголемата глобална развојна институција, фокусирана исклучиво на приватниот сектор во земјите во развој и финансира и обезбедува советодавни услуги за проекти основани на јавно-приватно партнерство.
Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) ќе му биде консултант на Министерството за транспорт и врски за изнаоѓање модел за реализацијата на проектот за изградба, одржување и наплата на патарини на патниот правец Скопје – Гостивар - Кичево, кој е дел од патниот Коридор 8 во Македонија.
ИФЦ ќе биде задолжена да и' асистира на Владата и во подготвување транспарентен, фер и компетитивен процес за привлекување приватен партнер за изведување на проектот по модел на јавно-приватно партнерство. За таа цел е потпишан договор што предвидува консултантски услуги и изработка на студии и анализи.
Со договорот, како што се наведува во соопштението, се предвидуваат за 14 месеци до две години да заврши проектот што треба да заврши со избор на најповолен понудувач.
ИФЦ како член на Светска банка е најголемата глобална развојна институција, фокусирана исклучиво на приватниот сектор во земјите во развој и финансира и обезбедува советодавни услуги за проекти основани на јавно-приватно партнерство. Преку советодавната активност им помага на владите да создадат услови што го стимулираат вливањето домашни и странски приватни инвестиции.